ОД ВЕЧЕРВА ЗАПОЧНУВА СНЕЖНОТО НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ – ОД 80 ДО 100 САНТИМЕТРИ СНЕГ! ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НЕ ОЧЕКУВА НАС…
Снежното невреме низ Балканот (Хрватска, западна и северозападна Србија, како и Босна и Херцеговина) ќе започне уште од оваа вечер и ноќ. Локално во овие споменати држави и тоа на пониските места (градовите) ќе наврне од 30 до 50 цм снег. На планинските места локално и од 70 до 100 цм снег.
Долж Јадранот пак е можно НЕВРЕМЕ проследено со ИНТЕНИЗНИ врнежи од дожд, грмежи и силен ветер. (Можни се локални ПОПЛАВУВАЊА).
Кај нас во Македонија во периодот кој што ни следува ќе има повремени врнежи од дожд и истите повремено ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ. Ќе има услови и за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и СИЛЕН јужен ветер.
Ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец (над 60 км/час). Снег кај нас ќе врне само на највисоките планини.
Локално во следниот период ќе наврнат и над 35 л/м2 воден талог. Температурите кај нс и понатаму нема многу да се менуваат и ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ.
НАПОМЕНА: Доколку во следниот период планирате да патувате во горе наведените Балкански земји бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ поради очекуваното снежно невреме. Добро би било доколку патувањето го одложете.
На следната метеоролошка карта можете да го погледнете очекуваното количество на снег (во цм) до понеделник наутро:
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во Македонија попладнево имаме изразена температура инверзија, односно котлините се под густа магла и ниска облачност, каде е многу ладно со минусни температури, додека на планините и на Скијачките центри може да се каже дека е пролет каде има и многу сонце со температури до околу, па дури и над 10 степени. На картата од Neverin.hr може да се [...]