НОВ ТОПОЛ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Температурите одат до речиси 40 степени!
Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во нашата Република Македонија следува подолг период на стабилно, суво и претежно сончево време со значителен пораст на максималните дневни температури на воздухот. Повремено ќе засилува ветер претежно од северен и од североисточен правец.
И во Скопје и околината следува подолг период на стабилно, суво, значително потопло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветер претежно од северен правец.
Што се однесува до максималните дневни температури на воздухот кои во следниот период како што веќе најавив ќе бележат тенденција на значителен пораст, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени. Во Скопје и околината максималната дневна температура на воздухот за време на овој нов топол бран од Африка ќе се искачува до околу 37 степени.
Пред нас е повторно значително топло време со високи летни температури на воздухот, но сепак, овој топол бран ќе биде со помал интензитет од претходниот, кога имавме навистина екстремно високи температури на воздухот.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вчерашниот ден 21 јуни недела, кога официјално и календарски ни започна летото, во Македонија е измерена највисоката максимална температура на воздухот досега годинава, и тоа во Велес каде вчера до 17 часот се измерени 37 степени. Во попладневните часови вчера особено во планинските предели имаше развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а имаше и [...]


by