Топло утро во Македонија, попладне ќе имаме локален пороен дожд и невреме
Денешното утро понеделник, 22 јуни во Македонија ни донесе ведро и топло време со високи утрински температури на воздухот. Најтопло ова утро е на Скопје Петровец и на Скопје Зајчев Рид со измерена температура од 21 степен.

Најниска температура ова утро е измерена во Берово, и тоа 10 степени.
Денес попладне и рано навечер локално ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можни се поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
И во делови од Скопскиот регион денес попладне и рано навечер ќе има услови за развој на вакви конвективни грмотевични облачни јадра од кои може да има краткотрајни но поројни врнежи од дожд проследени со грмежи и со засилен ветер, но и со услови за ретка појава на град.
Истанува топло и денес со максимални температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, а во Скопје и околината температурата денес ќе се искачи до околу 35 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by