Ни следува стабилен, сув и сончев викенд, наутро со појава на магла
Под влијание на стабилна и сува воздушна маса од југ викендов времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро во дел од котлините особено оние котлини во Повардарието ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Во Скопје и околината викендов времето ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер. Наутро во дел од котлината ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.
Науто и понатаму ќе биде релативно ладно со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени и на повеќето места во Македонија ќе има појава на слаб мраз. Преку денот пак температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 0 степени а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 14 и 16 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by