НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ! ОВА СЕ НАЈНОВИТЕ МЕТЕО ДЕТАЛИ…
Во текот на оваа седмица следува период на ПОТОПЛО време со релативно ПРОЛЕТНИ температури на воздухот кој насекаде ќе се искачуваат над 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи до околу 18 степени.
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен и д југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет а ќе има и повремен слаб локален дожд, особено во западните и во југозападните предели.
ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи ќе има во петок и истите ќе ги има во поголем дел од Македонија. Снег ќе има само на највисоките планини.
Во Скопје и околината следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец а особено во петок ќе има повремени врнежи од дожд. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 13 и 16 степени.
Оваа седмица наутро и тоа особено во Малешевијата и на планинските и повисоки места температурите ќе се спуштаат за некој степен под нулата.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]