Натпросечно топлото време продолжува, но од петок и за време на викендот локално пороен дожд, грмежи и засилен ветер!
Натпросечно топлото време во Македонија продолжува и во следните денови, но утрата и понатаму ќе бидат посвежи со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, а во Малешевија тие повремено ќе се спуштаат и под 10 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.
Од четврток пак локално ќе има повеќе облачност, а во петок и за време на викендот во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Во Скопје и околината од четврток повремено облачноста ќе се зголемува, а во петок и за време на викендот во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 12 и 16 степени, а максималната дневна температура на воздухот и понатаму ќе биде натпросечно висока и ќе се искачува во интервалот помеѓу 31 и 32 степени.
Вистинското септемвриско лето преку ден продолжува и понатаму во Македонија, но и во регионот.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Изминативе неколку денови Франција е погодена од екстремно топол бран кој условува да има екстремно високи температури на воздухот кои на многу места надминуваат 40 степени. Активен е црвен метеоролошки аларм во Франција поради екстремно високите температури на воздухот. На метеоролошката карта многу добро може да се види дека на многу места вчера понеделник, 22 јуни температурите во Франција [...]

by