НАЈНОВО НА НУМЕРИЧКИТЕ МОДЕЛИ: Можност за снег понекаде и во повисоките градови – На планините многу снег за кратко време!
Поради присуството на значително поладен воздух, утре рано наутро и во претпладневните часови врнежи од снег би можело да има и во повисоките градови во западните и во југозападните предели од Македонија, во делот од (Дебар, Кичево, (Крушево со сигурност), Охрдско – Струшкиот регион и во Пелагонија! Внимание на планинските превои.
Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

олемиот влажен воздушен бран кој ќе ја зафати нашата држава од денес доцна попладне и навечер, и кој е во склоп со длабокиот циклонски систем со центар над Џеновскиот залив, на повеќе места ќе донесе обилни врнежи од дожд, (локално и над 30 литри дожд на метар квадратен).
На планините, како и на планинските превои, особено во западната половина од државава ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 сантиметри, понекаде и со висина и над 25 сантиметри.
Со овој влажен бран и во Скопскиот регион ќе има пообилни врнежи од дожд.
Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер (над 60 км/час), најпрвин од јужен и од југоисточен, а потоа и од северен правец, а можна е и ретка појава на грмежи.
Утре температурите позначително ќе опаднат и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени.
НАПОМЕНА: Снежната граница понекаде, особено во западните предели би можела да се спушти до околу, па и под 1000 метри надморска височина, со што врнежи од влажен снег би можело да има понекаде и во повисоките населени места.
Не се исклучува можноста на повисоките планини (над 1700 – 1800 метри) да се формира снежна покривка дури и над 30 сантиметри за релативно краток временски период.
Потоа, нов влажен бран очекуваме во среда попладне и навечер, како и во четврток кога повторно ќе имаме пообилни врнежи од дожд и снег на планините.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by