НАЈНОВА ВЕСТ: Поради обилните врнежи се излеа реката Пчиња

РЦУК – Куманово известува дека од ЕЛС Старо Нагоричане е добиена информација дека на подрачјето на с. Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и на локацијата кај бања Стрновац, реката Пчиња се има излеано од своето речно корито за околу 20 сантиметри.

Во моментот, излевањето не зафаќа куќи или викендици.

Дополнително, кај Коински мост е забележано насобирање на поголема количина дрвја, кое го отежнува нормалниот проток на реката Пчиња.

За состојбата е навремено известено Водостопанство Куманово, кое ќе постапи согласно своите надлежности.







Занимливости