НАЈНОВА МЕТЕО ВЕСТ: РЕГИОНОТ Е ВЕЌЕ ПОГОДЕН ОД ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И СИЛНИ ВЕТРИШТА – ИМА И ШТЕТИ!
Уште од утринава регионот е веќе зафатен од најавениот длабок циклон кој е со центар над северозападна Европа. Обилни врнежи од дожд има веќе во југозападна Босна, овие врнежи полека ќе навлегуваат во Црна Гора, потоа и на северот од соседна Албанија. Локално се очекува да наврнат и над 100 литри дожд на метар квадратен, со што постои можност и за локални поплавувања.
На високите планини ќе има обилни врнежи од снег, со што локално ќе се формира снежна покривка со висина од над 30 сантиметри.
Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/
Инаку изминатата ноќ олујниот ветер направи многу штети во Босна, особено во градо Цазин, северозападна Босна
Фото: BHMETEO.ba
Кај нас во Македонија овој викенд ветерот ќе достигнува брзина од над 60 км/час и ќе биде од јужен правец, а ќе има и локални послаби врнежи од дожд. Сепак ќе биде невообичаено топло за овој период од годината и понатаму, па така во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и до околу 20 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
За време на викендот поради продор на постуден воздушен бран, ќе имаме позначително опаѓање на температурите и истите ќе бидат потпросечни за овој период од годината. Исто така, ќе има и зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд. Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните дневни [...]