НАЈАВА ЗА НОВ СТУДЕН БРАН И СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР: Од викендов температурите повторно паѓаат под -10 степени!

објавено на:

26 Јан 2024

од:

сподели:

Под влијание на нов многу студен бран од север, за време на овој викенд, како и во почетокот од следната седмица времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Особено Долж Повардарието и во источните предели ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен и од северозападен правец. Повремено ветерот ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Локално ќе има и провејување на слаб снег. Наутро темпратурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, но тие понекаде ќе се спуштат  и под -10 степени, со што на повеќе места ќе има појава на силен мраз.

Во Скопје и околината очекуваме слично време. Студено и ветровито со засилен ветер од северен правец, а ќе има услови и за сосема слабo и локално провејување на снег. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалоит помеѓу -5 и -2 степени, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 2  и 4 степени.

 

 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.