Моќен Џеновски циклон над Македонија: Обилни дождови, а на Скијачките центри пристигна и првиот снег за оваа сезона!
Моќниот Џеновски циклон, освен обилни врнежи од дожд и невреме, го донесе и првиот снег на планината Јабланица, струшко, на Попова Шапка и во Маврово, каде снежната граница се спушти на 1600 м.н.в.
Во продолжение погледнете ги фотографиите:
Фото: Skimacedonia.mk
Овој циклонски систем понатаму ќе се поместува кон исток и југоисток, со што врнежите ќе се намалуваат и ќе престанат.
Нови врнежи од дожд, локално поинтензивни и во западните предели ќе има во текот на утрешната вечер и ноќ, потоа во понеделник и во вторник ќе имаме преодно стабилизирање на времето.
Нов поголем влажен бран од запад и од северозапад Македонија ќе ја зафати во среда и ќе донесе нови обилни врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи. Тогаш повторно на високите планини ќе има услови за врнежи од снег.
Температурите нема многу да се менуваат, однсоно остануваат релатино над просекот за овој период од годината.
Да напоменеме дека утре повторно ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од 60 до 80 км/час).
- Досега на повеќе места низ Македонија има наврнато над 30 литри дожд, а најмногу има наврнато во Маврово, дури 98 литри.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]