МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Викендов обилни дождови и невреме
Под влијание на длабок циклонски систем со центар над Џеновскиот залив кој ќе го проширува неговото влијание до нашиот дел од Европскиот Континент и ќе услови формирање на голем влажен бран кој за време на викендов во Македонија ќе услови да имаме обилни и поројни врнежи од дожд (локално над 30 литри на метар квадратен дожд) особено во текот на ноќта кон недела и во недела 15 февруари.
Викендов локално атмосферските процеси во Македонија ќе бидат застапени во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен јужен ветер (над 60 км/час) и со појава на грмежи. На високите планини пак во западните и во северозападните предели со надморска височина од над 1400/1500 метри ќе има врнежи од снег.
И во Скопје и околината викендот ќе имаме повремено обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец кој во делови од котлината ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Поради јужното воздушно струење викендот температурите и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината и тие речиси насекаде ќе надминат 10 степени а на повеќе места тие ќе се искачат и до околу 15 степени додека во централните и во југоисточните предели температурата ќе се искачи до близу 20 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија ни донесе температури кои насекаде се позитивни односно над нулата и претежно облачно време а во јужните и во југозападните предели имаме и локални врнежи од дожд. на високите планини со надморска височина од над 1400/1500 метри има врнежи од дожд и од снег. Најголема снежна покривка пак има на Попова Шапка каде таа изнесува [...]


by