“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈАВА ЗА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ (ПОРОЕН ДОЖД, ГРМЕЖИ, СИЛЕН ВЕТЕР И ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ): Апелираме за крајна претпазливост
Поради продор на поладен атмосферски фронт на висина, утре (петок) особено во северните предели, а за време на викендот, особено во сабота на повеќе места во попладневните часови ќе има развој на грмотевични облаци кои ќе условат локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во ваква ситуација, локално ќе има појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и со појава на град. Токму поради ова, апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, односно, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
И во Скопската котлина утре (петок) како и за време на викендот, особено во сабота во попладневните и во вечерните часови ќе има развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.
Што се однесува до температурите, тие остануваат многу високи и насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие ќе се искачат и до околу 40 степени. Сосема мал пад на температурите ќе има од недела, но и понатаму тие ќе бидат многу високи и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување на невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by