МЕТЕО НАЈАВА: ЗА ПРВИ И ЗА ВТОРИ МАЈ, КАКО И ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ЛОКАЛНИ ВРНЕЖИ, ГРМЕЖИ И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР
Оваа година за 1 и за 2 мај, како и за Велигденските празници повторно ќе имаме нестабилно време, и тоа со попладневни локални поројни врнежи од дожд, грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност.
Поради загреаната Атмосфера не се исклучува можноста локално процесите да бидат и во вид на невреме, односно тие да бидат нешто поинтензивни.
Ова ваши и за Скопскиот регион, каде во делови од него можна е попладневна појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, тие остануваат пролетни и ќе се искачуваат во интервалот некаде од 21 до 27 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Полека од север кон нашата Македонија пробива влажниот и ладен воздух, кој понатаму ќе условува кај нас врнежи од дожд, снег, северен ветер, како и зголемување и проширување на снежната покривка. На картата можете да ги погледнете измерените температури во овие рани утрински часови низ нашата Република Македонија.