МЕСЕЧНА МЕТЕО АНАЛИЗА: Октомври ќе ни донесе многу променливо време, ќе се менуваат ладните и топли воздушни маси!
Месецот Октомври веќе започна со многу променливо време, па така ќе продолжи во текот на целиот месец, нормално, барем според најновите достапни прогностички материјали кои ги имам. Врнежите во регионот ќе бидат значително натпросечни, додека кај нас во Македонија тие ќе бидат околу просекот, а натпросечни врнежи се можни во западните предели од Македонија.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат околу просекот за месец Октомври, но мора да напоменам дека и понатаму ќе имаме доста осцилации на температурите, односно ќе се менуваат топлите и студените воздушни маси, па не би било чудно повторно во текот на месецов да се појави мразот и сланата во утринските часови, па и снегот на високите планини.
НАПОМЕНА: Поради тоа што се работи за доста долгорочна анализа, промени во истата се можни, па токму поради ова за да не дојде до забуна кај граѓаните, тие да ги следат моите пократкорочни метео анализи, кои се со голема веројатност за остварување.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро (Велика сабота 19 април) во Македонија ни донесе сончево време со релативно високи температури на воздухот, а такво време не очекува целиот овој празничен викенд. На табелата можете да ги погледнете денешните минимални температури измерени по градови и места во нашата Република Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.