ЛУБИТЕЛИТЕ НА СНЕГОТ И ТОА КАКО ЌЕ СИ ДОЈДАТ НА СВОЕТО ВО ЈАНУАРИ: Од Божиќ силен поларен бран од Арктиокот ни носи многу снег!
Новогодишната ноќ не многу студена, стабилна, сува и маглива и загадена по котлините, но веќе од понеделник навечер, а особено од вторник полека времето кај нас ќе започне да се менува и најпрвин ќе има локални врнежи од дожд, но и сеуште натпросечно високи температури на воздухот како и до сега.
Се поизвесно е дека веќе од Божиќ на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија ќе пристигне силен поларен бран кој ќе ни донесе екстремно ниски температури на воздухот и многу снег:

Според најновите ажурирања на нумеричките модели, најмногу снег ќе имаме околу 10 и по 10 јануари, насекаде низ Македонија над 20 сантиметри, понекаде и над 50 сантиметри, додека на Скијачките центри дури и над 100 сантиметри. Многу снег ќе има во целиот регион. Се работи за голема снежна бура и леден бран.
Во нашиот регион (Балканот) очекуваме температурите понекаде да се спуштат дури до околу -25 степени, а во Алпскиот регион и под -30 степени.
Напомена: Нови, и по потреба обновени анализи ќе објавуваме и понатаму околу ова, и тоа како што ќе доаѓаат новите ажурирања, а со нив се можни и измени во анализите, затоа останува да следиме.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by