ГОЛЕМИОТ СТУД ДОПРВА ДОАЃА: Подгответе се за најстудената ноќ до сега, а потоа и за нов бран на врнежи од дожд и снег!

По снежниот бран кој беше најавен уште од пред дестина денови, и тој направи вистински хаос низ Македонија, следува краткотрајна стабилизација на времето.

Во понеделник и тоа поради разведрувањето, утрото ќе биде многу студено и температурите понекаде ќе се спуштат дури и под -10 степени, со што во Македонија го очекуваме првиот силен мраз за оваа сезона, иако оваа година многу порано за разлика од изминатите години.

Нов влажен бран кој ќе донесе врнежи од дожд и од снег, особено на планинските места во Македонија ќе има во текот на утрешната ноќ, како и во вторник, и тогаш повторно врнежите локално врнежите ќе бидат обилни.

Во текот на новата седмица повторно наутро на повеќе места температурите ќе се спуштаат под нулата, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени во најтоплите предели од Македонија, што значи дека пред нас е релативно студена седмица.

И во Скопје  и околината очекуваме слично време, со нови врнежи од дожд и снег на околните планини во вторник.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости