ГОЛЕМАТА СУША И ТОПЛИНА ПРОДОЛЖУВА И ВО ТЕКОТ НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА: Постои зголемен ризик од појава на нови шумски пожари
Почитувани мои, по краткотрајната и локална дестабилизација на атмосферата која ја имаме овој викенд, во текот на следната седмица продолжува големата суша и топлина во Македонија. Времето ќе биде претежно стабилно, суво, сончево и многу топло со појава на мала до умерена локална облачност. Сепак и покрај ова, во попладневните часови не се исклучува можноста за многу ретка појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во планинските предели.

Повремено ќе засилува и ветер од променлив правец, па токму поради сушното и многу топло време, но и поради ветерот кој се очекува, постои зголемен ризик од појава на нови шумски пожари. Во ваква ситуација, апелираме граѓаните да бидат многу внимателни како се однесуваат со природата.
Што се однесува пак до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурата ќе се искачи до близу 40 степени. Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент 8.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден беше топол и со пријатни летни температури на воздухот. Попладнево како што веќе кажав во централните предели од Македонија беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Во Неготино имаше појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Нестабилноста беше со правец на движење од запад [...]


by