(ФОТО НА ДЕНОТ) За кратко време наврнаа 20 сантиметри снег – Планината Јабланица – Струга денес!
За нецела ноќ на планината Јабланица, поточно на Лабунишки Бачила наврнаа дури 20 сантиметри снег. Еве како изгледа денес местото Лабунишки Бачила на планината Јабланица:
Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

Сето ова е поради веќе споменатиот длабок циклонски систем кој секундарно се формираше над Џеновскиот Залив и директно ја зафати нашата држава со неговото движење према исток.
Инаку на многу места во западна Македонија денес има врнежи од снег, особено на повисоките места, но снежната граница понекаде се спушти и под 1000 метри надморска височина.
Кон крајот на денов врнежите полека ќе престануваа, а нов бран на врнежи од дожд и снег на планините ќе имаме утре навечер, како и во четврток кога локално повторно ќе бидат обилни и поројни и проследени со појава на грмежи.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во текот на оваа ноќ и утре (Вторник 11 ноември) во претпладневните часови на повеќе места во нашата Македонија продолжуваат врнежите од дожд а исто така од север ќе продре поладен воздух проследен со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет. Поради падот на температурите на високите планински места (над 2000 метри надморска височина) ќе има провејување [...]


by