ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН ВО ГРЦИЈА: Температурите одат до 46 степени!
Од утре (понеделник 21 јули) па се до петок (25 јули) соседна Грција влегува во екстремно топол бран со екстремно високи температури на воздухот кои на многу места ќе надминуваат 40 степени, а во делови од оваа соседна наша држава температурите ќе се искачат дури до околу 46 степени.
Температурите ќе бидат дури и за околу 10 степени повисоки од нормалните, односно повисоки од просекот во истиот период во изминатите децении (од 1991 до 2020 година).
Токму ова е перади екстремно топлата воздушна маса која продира од Африка кон соседна Грција, но и во најголемиот дел од Балканот, вклучувајќи ја и нашата Република Македонија.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by