ДОЛГОРОЧНА МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА ФЕВРУАРИ: Не очекува влажен февруари – Снег ќе има!
Судејќи според долгорочните анализи, февруари месец оваа година во Македонија ќе биде со натпросечно количество на врнежи, но малку потопол, за еден до два степени од просекот што не е премногу, а тоа значи дека ќе има и почести продори на студени возушни маси од Арктикот кон нашите краишта.
Снегот во месец февруари и тоа како ќе го има, според сегашните следења и анализи особено по 10 февруари.
Не се исклучува можноста повторно да се соочиме со екстремно ниски температури н а воздухот (до околу -20 степени).
НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за доста долгорочна анализа на времето, промени во истата и тоа како се можни, па затоа нашите граѓани редовно да ги следат нашите секојдневни и краткорочни анализи на времето, и истите се најпрецизни со можност за остварување за повеќе од 90%.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и [...]