Доаѓаат вистинска есен, голем пад на температурите и почести врнежи!
Уживајте до четврток во убавото време со многу сонце. Веќе од петок (26 септември) па во деновите потоа во нашата Република Македонија ќе дојде до значителна промена на времето проследена со зголемена облачност, повремени локални врнежи од дожд, повремено поројни и пообилни и проследени со грмежи како и со умерен, а во Повардарието повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Што се однесува до температурите, од петок (26 септември) а особено за викендот значително ќе опаднат и за повеќе од 10 степени во споредба од оние кои ги имаме сега и максималните дневни температури на воздухот за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот само од 14 до 21 степен.
Детална анализа околу ова следува во следните мои метео објави.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Џентарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поради обилните врнежи на дожд кои го зафатија западниот регион, преку единствениот број за итни повици 112 е добиена пријава за настанато свлечиште во селото Шипковица. Свлечиштето е во населено место кое претставува опасност за жителите, каде што директно се загрозени 4 куќи. Активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово, а [...]


by