Вечерва обилни врнежи имаме и понатаму на запад, на планините врне снег
Вечерва западните предели од нашата Македонија се зафатени од обилни врнежи од дожд а на планините полека врнежите од дожд преминуваат во врнежи од снег. Снежната граница особено во северозападните планински предели се наоѓа над 1500 метри надморска височина а тоа значи дека веќе на скијачкиот центар Попова Шапка има врнежи од снег каде температуреата изнесува 0 степени.

На метеоролошката карта можете да видите дека во западните предели има наврнато ново поголемо количество на воден талог. Најмногу дожд до вечерва во 19 часот има наврнато во Пожаране и тоа 17 литри дожд.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by