МАКЕДОНИЈА ПАК ВО ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА: Многу дожд
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот до крајот на денов и вечерва целата територијата на нашата Македонија ќе се наоѓа во жолта, а источните предели во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните нови обилни врнежи од дожд каде локално и особено во источните предели ќе наврне големо количество на воден талог (над 40 литри дожд за 24 часа). Токму поради ова постои опасност од нови поплавувања како и зголемување на нивоата на реките и на езерата во нашата Македонија.

Апелирам особено возачите да бидат крајно внимателни поради очекуваното ново зголемување на нивоата и на реките во нашата Македонија, односно да не се движат покрај водотеците.
И во Скопје и околината ќе продолжи врнежливото време со повремено пообилни врнежи од дожд во делови од котлината. Во делови од Скопската котлина повторно ќе наврне ново позначително количество на воден талог (над 20 литри дожд).
Ќе дува слаб до умерен а повремено засилен ветер од северен правец. Повремено засилен северен ветер ќе дува и во Скопје и околината.
Поради продор на поладен воздух од север особено во западните и во северозападните планински предели над 1400 метри надморска височина ќе има врнежи од снег каде очекувам формирање на снежна покривка.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Облачно со релативно високи температурите е денешното утро во нашата Македонија а локално се бележат и послаби врнежи од дожд а само на високите планини во западните предели провејува снег. Најмногу дожд до 3 часот утрово има наврнато во Гевгелија и тоа 15 литри дожд. На првата метеоролошка карта можете да ги видите температурите измерени во овие утрински часови [...]


by