Особено обилни врнежи имаме во западните предели, на планините врне снег
Денешниот ден насекаде во нашата Македонија беше претежно облачен а особено во западните предели имаше и врнежи од дожд кои повремено беа пообилни а на планинските места во текот на попладневните часови врнежите од дожд полека преминуваа во врнежи од снег, особено во северозападните предели од нашата Македонија.
Повремено дуваше засилен ветер од јужен правец.

На табелата можете да ги видите денешните максимални температури измерени попладнево до 16 часот по градови и места во нашата Македонија и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Според од она што можам да го кажам во јавноста е тоа дека прогностичките модели упорно ни цртаат нагла и голема промена на времето за Велигденските празници во Македонија. Од 10 април (Велики петок) а особено на 11 април (Велика сабота) ќе дојде до продор на многу поладен воздух од север и формирање на снежен бран над Македонија кој [...]


by