Доаѓа нова тура на дождови од Атлантикот – Овој пат снег на високите планини, а температурите ќе бидат пониски!
По преодната стабилизација на времето која настапи кај нас, веќе од утре и тоа поради продор на влажен воздушен бран од Атланиток, кај нас се очекуваат нови врнежи од дожд, локално и обилни, особено во западните и во северните предели и проследени со засилен ветер од јужен и од југозападен правец.
Потоа во четврток повторно ќе има краткотрајна стабилизација на времето, додека во петок, како и за време на викендот повторно очекуваме врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи.
Овој пат поради продорот на постуден воздушен бран од северен, на високите планини ќе има и врнежи од снег. Снежната граница ќе се наоѓа од 2000 метри па нагоре, а не се исклучува можноста повремено во северозападните предели таа да се спушти и под 2000 метри.
Повторно до самиот крај на оваа недела локално се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2).
Температурите во следниот период ќе опаднат за 3 до 7 степени во споредба со сегашните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени, додека во најтоплите југоисточни предели тие повремено ќе се искачат и до 20 степени.
Наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој насекаде ќе се спуштаат под 10 степени, а во Малешевијата и под 5 степени, повремено и до околу 0 степени, со што во овој дел од Македонија е можна појава на слаб мраз.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by