ДОАЃА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Апелираме на голема внимателност
Почитувани, циклонската активност која веќе се развива југоисточно и источно од нас, од утре попладне и навечер, па се до петок ќе условува чести врнежи, грмежи и засилен ветер. На повеќе места ќе има и појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град. Да напоменам дека станува збор за висински, или поинаку кажано плиток циклон, ваквите циклони во летните месеци условуваат чести врнежи и грмежи, како и поинтензивни атмосферски процеси (во форма на невреме).

И во Скопскиот регион, од утре попладне и навечер, па се до петок ќе има почеста појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на невреме, проследено со силен ветер и град.
Температурите, како што веќе најавив ќе бележат тенденција на постепено опаѓање, па така кон крајот на оваа работна недела максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени/
Апелираме во случај на појава на невреме, како и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза

by