До крајот на денов, и утре (среда) во Македонија ќе имаме мала промена на времето!
До крајот на денешниот ден, како и утре (среда), повремено во Македонија ќе има поголема облачност, и истата локално може да услови појава на сосема слаб локален и краткотраен дожд. Особено утре (среда), ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а наутро по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.
И во Скопскиот регион до крајот на денешниот ден, како и утре (среда) ќе има појава на умерена облачност. Утре (среда) ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а наутро ќе има услови за појава на магла.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот оф 18 до 25 степени. Во Скопскиот регион наутро температурата ќе се спушта до околу 7 степени, додека преку ден таа ќе се искачи до околу 24 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (Сабота 15 ноември) во нашата Република Македонија помина во знакот на натпросечно топло време за овој период од годината и со стабилно, суво и претежно сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Нашата Македонија е под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој од југ и југозапад продира кон нашиот дел од [...]


by