ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА: За време на новогодишната ноќ и на првиот ден од 2024 година без снег и релативно топло!
И оваа година новогодишната ноќ во Македонија ќе помине без снежна идила, што значи дека нема да има врнежи од снег, а и нема да биде толку многу студено. Сепак не се исклучува можноста за време на новогодишната ноќ, како и на првиот ден од новата 2024 година да има локални слаби врнежи од дожд.
За време на најлудата ноќ температурите ќе се движат во интервалот од 0 до 6 степени, а максималните дневни температури во новата 2024 година ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.
НАПОМЕНА: По одделни котлини и речни долини и тогаш ќе биде магливо и постудено, со што и загаденоста во воздухот ќе биде многу висока.
Слично време очекуваме и во Скопје и околината.
- Мора да напоменеме поради тоа што се работи за подолгорочна анализа, промени во истата се можни понатаму. Затоа во следните денови уште еднашка од наша страна ќе биде објавена детална метео анализа за времето за дочекот на новата 2024 година, но и за првиот ден од истата.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]