ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА БОЖИЌ САМО ЗА МАКЕДОНИЈА: Најпрво дожд, од понеделник големо заладување и снег!
Следува краткотрајна стабилизција на времето. За Божиќните празници повторно ќе имаме голема промена на времето и изразена циклонска активност со центар над Јадранот. Токму ова најпрвин во сабота (за Бадник) и тоа особено од вечерните и ноќните часови кон недела ќе услови да има поинтензивни врнежи од дожд и тие ќе продолжат и во недела. Снег ќе врне само на највисоките планини.
Сето ова ќе биде проследено со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Веќе од понеделник, и тоа поради продор на многу постуден воздух од Арктикот, во Македонија очекуваме големо заладување, северен ветер, и врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и во повисоките населени места. На планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка.
Во понеделник попладне и во вечерните часови локално провејување на снег ќе има и во градовите.
Од вторник ќе имаме постабилно и релативно суво време, но многу студено, особено наутро кога минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу, па и под -10 степени. Студено ќе биде и преку ден, па така и максималните дневни температури на многу места ќе се искачат само за некој степен над нулата. Понекаде тие ќе останат до околу, па и под нулата.
Во Скопје и околината со ова заладување кое се очекува од понеделник, провејување на снег ќе има во повисоктите предели од котлината. На околните планини очекуваме формирање и на снежна покривка.
Да напоменеме дека со оваа циклонска активност, локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 л/м2).
За разлика од кај нас, во земјите од регионот ќе биде уште постудено, но ќе има и повеќе снег.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by