Денешното утро не е многу ладно, по котлините е магливо и со ниска облачност
Денешното утро недела 1-ви март 2026 во Македонија не е многу ладно и на повеќето места температурите се близу или за некој степен над нулата, односно тие се позитивни. Само во делови од Македонија температурите се за неколку степени под нулата како на пример во Берово каде е најладно ова утро со измерени -4 степени.
По котлините има појава на магла или има зголемена ниска облачност а претежно е тивко и без некој изразен ветер.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во Македонија ова утро до 4 часот.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by