ЦИКЛОНОТ И СТУДЕНИОТ БРАН ДОНЕСОА МНОГУ ДОЖД И СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Наврнаа дури 43 литри дожд – На планините има значителна снежна покривка!
Врнежите од дожд и од снег во изминатите часови и тоа како добро ќе дојдат во Македонија, и тоа поради тоа што во текот на цел февруари имавме релативно стабилно и особено натпросечно топло време за тој период од годината. Сушата беше голема насекаде поради недостатокот на врнежи од дожд и од снег.
Сепак последниот влажен бран и циклон изминатите часови придонесе да имаме особено обилни врнежи од дожд и снег, особено на повисоките населени места во западните предели од Македонија како и на планините.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ НИЗ МАКЕДОНИЈА ИЗМЕРЕН НА МЕРНИТЕ СТАНИЦИ НА УХМР: 43 Битола, 38 Крушево, 35 Прилеп, 33 Гевгелија, 32 Маврови Анови, 27 Претор, 26 Охрид, 25 Попова Шапка, 21 Пожаране, 18 Лазарополе, 14 Демир Капија, 10 Кавадарци, 9 Дојран, 8 Велес, 7 Тетово, Струмица, 6 Ѓуриште, 4 Зајчев Рид, 3 Тополчани, 2 Штип.
Снежна покривка измерена од страната на УХМР (во cм) 11 Лазарополe, 9 Попова Шапка, 4 Крушево.
Секако снержната покривка на планините од каде имаме ние информации е со висина и до 20 сантиметри, а на највисоките планини таа е поголема.
Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Деновиве голем дел од Европскиот Континет го зафаќа првиот голем топол бран за оваа сезона. Температурите во следните денови во голем дел од Европа ќе надминуваат 30 степени а на повеќето места тие ќе се искачат и близу 35 степени. Локално низ Европа температурите ќе надминат и 35 степени, особено во западна и во југозападна Европа. Како што претходно [...]


by