ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН ВО ЕВРОПА: Од недела температури и до 44°C
Западна и југозападна Европа во периодот од недела (21 јуни) па најмалку се до среда (24 јуни) ќе биде на удар на екстремно топол бран од Африка кој ќе услови навистина да има екстремно високи температури на воздухот кои на многу места ќе се искачат и ќе надминат 40 степени, во делови од Шпанија и Франција температурите ќе се искачат дури и до 43/44 степени.

Температурите кои се очекуваат во овие предели, од недела 21 јуни па се до среда 24 јуни се навистина далеку над просекот за месец јуни и тие се повисоки од просечните дури и за повеќе од 15 степени.
Сепак и покрај ова, делови од Европа деновиве повторно ќе бидат зафатени од локални но силни временски непогоди кои би можеле да прераснат и во Суперкелиски бури, а често пати токму овие Суперкелиски бури може да предизвикаат и фромирање дури и на торнадо.
Кај нас во Македонија температурите ќе бидат далеку по умерени и пониски за разлика од погоре споменатите предели на Европа и тие во наредните денови кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, но со тоа што во Повардарието и во југоисточните предели температурите ќе се искачат за некој степен над 35 степени, односно до максимални 36/37 степени.
Во Македонија и понатаму немаме на повидок екстремно топол Африкански бран кој би донесол екстремно високи температури на воздухот.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро сабота, 20 јуни во Македонија ни донесе ведро и релативно топло летно утро без никаква облачност и без некој изразен ветер. Најниска температура утрово е измерена во Лазарополе, и тоа 9 степени а највисока температура утрово е измерена на Скопје Петровец и во Тополчани, и тоа 18 степени. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури [...]

by