БУРА ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ ЌЕ ГО ПОГОДИ РЕГИОНОТ: На удар се Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија!

Времето во регионот полека ќе започне да се влошува, и тоа поради влијанието на длабокиот циклонски систем кој слободно може да се нарече ураган и кој е со центар над северозападна Европа.

Веќе од утре во Црна Гора, Босна  и Херцеговина а потоа и во соседна Албанија ќе започнат врнежи од дожд и ќе бидат многу обилни особено за време на викендот, кога на планините ќе врне снег и локално се очекува формирање на снежна покривка од над 30 сантиметри.

Во овие три држави локално ќе наврне големо количество на врнежи (а можно е дури да наврне и месечно количество на дожд за два дена,  па и повеќе од тоа) локално над 100/150 литри дожд на метар квадратен, што е премногу за релативно краток период, па токму поради ова можни се и локални поплавувања.

Сето ова ќе биде проследено и со олуен јужен и југозападен ветер со удари понекаде  и од над 85 км/час.

Овој циклон овој викенд ќе влијае на времето и во Македонија, со што ќе има повремени врнежи од дожд, проследени со засилен јужен и југоисточен ветер. Сепак кај нас не постојат услови за поплавувања, но ќе ја почувствуваме поголемата промена на времето која ј најавивме.

Што се однесува до температури тие  и понатаму кај нас остануваат натпросечно високи.

 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости

  • 24 Јун 2026

    Во текот на вчерашното попладне и рано вечерта, вторник 23 јуни, поради влијанието на циклонската активност со центар над Турција, во Македонија на повеќе места имаше развој на конвективни облачни грмотевични јадра кои придонесоа да има поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Поради големата енергија во атмосферата која е многу загреана, локално имаше [...]