ВИСИНСКИ ЦИКЛОН ЌЕ ГО ЗАФАТИ БАЛКАНОТ: НА УДАР НА ПОПЛАВУВАЊА БОСНА И СРБИЈА
Висински циклонски систем во текот на следните денови ќе го зафати поголемиот дел од Балканскиот Полуостров. Сепак најпогодени ќе бидат Босна и Србија каде се очекува најголемо количество на воден талог за релативно кратко време и тоа особено во текот на ноќта недела кон понеделник, како и во понеделник, додека во западните и јужните предели на Србија доста интензивни врнежи се очекуваат во вторник.
Локално количеството на воден талог, особено во централните предели на Босна се очекува да надмине 100 л/м2. Поради ваквата состојба расте опасноста од зголемување на нивоата на реките, како и на нивно излевање кое може да услови и поплавувања. Се препорачува крајна претпазливост до граѓаните.
Локално овие врнежи ќе бидат проследени и со појава на грмежи како резултат на нестабилност. На Јадранот ќе започне да дува силна Бура, додека додека во останатите предели засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Недела 14 Јуни 2026 во Македонија повторно ни донесе релативно свежо време. Во целост времето беше ведро без никаква облачност и без некој изразен ветер. Најсвежо ова утро беше во Берово и во Лазарополе со измерени 6 степени. Во Крива Паланка температурата ова утро се спушти на 8 степени. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените [...]

by