ДАЛИ ЌЕ СЕ РУШАТ ТЕМПЕРАТУРНИ РЕКОРДИ? Во понеделник во Македонија и до 32 степени, во регионот и над 32 степени
Во понеделник, на 1 Април во Македонија, како и во регионоит би можело да се мерат температури толку високи за самиот почеток на април што многу долги години сме немале во тоа време толку високи температури на воздухот.
Според моменталните анализи со кој располагаме, во централните предели од Македонија во понеделник се очекуваат температури до 32 степени, во регионот тие би можеле да бидат дури и повисоки, до околу 33-34 степени. Сето тоа можете да го погледнете на следната метеоролошка карта 👇

Со ова температурите ќе бидат за 10 до 15 степени повисоки од нормалните.
Да напоменеме дека времето ќе биде стабилно, суво и сончево. Сепак и понатаму ќе засилува ветерот од јужен и од југозападен правец.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија ни донесе ладно утро со температури кои на повеќе места се спуштија за неколку степени под нулата и имаше појава на слаб мрз. Исто така ова утро имаше појава и на умерена облачност а беше претежно тивко и без некој изразен ветер. На табелата објавена од страна на УХМР може да видиме дека најладно утрово [...]

by