Ведро и тивко време имавме ова утро во Македонија, температурите пријатни

Денешното утро Понеделмник 15 Јуни 2026 во Македонија ни донесе целосно ведро време со релативно пријатни минимални утрински температури на воздухот и  не многу свежо време за разлика осд изминатите неколку утрини кога беше значително свежо во Македонија во утринските часови. Денешното утро во Македонија исто така донесе  и претежно тивко време, без некој изразен ветер.

Најниска минимална температура до 8 часот утрово беше измерена во Берово и тоа 7 степени, а во исто време највисока минимална температура е измерена во Пожаране  и тоа 16 степени.

На табелата која утрово ја објави УХМР можете да ги видите демнешните измерени најниски минимални температури на воздухот до 8 часот утрово по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.







Занимливости

  • 15 Јун 2026

    Денешното претпладне понеделник, 15 јуни во Македонија ни донесе во целост ведро, стабилно и вистинско топло летно време со високи температури на воздухот уште претпладнево. Нема некој изразен ветер во Македонија ова претпладне. Најтопло до 11 часот во Македонија беше во Демир Капија со измерени 30 степени. На табелата која претпладнево ја објави УХМР можете да ги видите измерените [...]