Следната седмица пријатни летни температури, повторно со локално невреме

Во текот на следната седмица, односно во периодот од Понеделник 8 Јуни до Недела 14 Јуни во Македонија продолжуваат пријатните летни температури на воздухот, како што претходно кажав без најава за екстремно топол бран од Африка. Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 18 степени, додека преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.

Во Скопје  и околината во погоре споменатиот период наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 16 и 18 степени, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 30 и 33 степени.

Сепак и покрај тоа што на оваа втора метеоролошка карта гледаме дека врнежите ќе бидат под просекот за овој период од годината, сепак поради повремено спуштање на атмосферски фронтови од север со поладен воздух на висина, во попладневните часови очекувам локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра  од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Атмосферските процеси локално може повторно да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.







Занимливости