МетеоАларм најава за краткотрајна промена на времето и врнежи во Македонија
Во текот на денешниот ден 5-ти март 2026 четврток во Македонија ќе имаме краткотрајна промена на времето проследена со зголемување на облачноста која на повеќе места кај нас ќе донесе послаби врнежи од дожд а на повисоките планини (над 1500/1600 метри надморска височина) ќе провејува снег. Особено во Повардарието повремено ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец.
Сето ова е поради краткотраен продор на малку поладен воздух од север и од североисток.
И во Скопје и околината во текот на денешниот ден ќе има повремени слаби врнежи од дожд а повремено ќе дува засилен ветер од северозападен правец.
Максималните температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени а во Скопје и околината максималната температура на воздухот во текот на денешниот ден ќе се искачи до околу 15 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден Четврток 4 Јуни 2026 во Македонија беше променлив, посвеж и нестабилен и тоа поради влијанието на циклонската активност која од Џеновскиот залив се премести над нашата територија и услови и во текот на денешниот ден да имаме локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Оваа циклонска активност се преместува понатаму према исток и југоисток. Најтопло [...]


by