Кон Македонија доаѓаат нови обилни и поројни дождови, грмежи и ветер

Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, до вторник претпладне (11 Ноември) во нашата Република Македонија продолжуваат повремените врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи како и со засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Локално овие процеси ќе бидат застапени и во форма на невреме.

И во Скопје  и околината до вторник претпладне (11 Ноември) ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за појава на грмежи како и со засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

За време на овој период локално повторно ќе наврне поголемо количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен).

Што се однесува до температурите тие ќе бидат малку над просекот за овој период од годината  и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачува до околу 16 степени.







Занимливости

  • 23 Јун 2026

    Изминативе неколку денови Франција е погодена од екстремно топол бран кој условува да има екстремно високи температури на воздухот кои на многу места надминуваат 40 степени. Активен е црвен метеоролошки аларм во Франција поради екстремно високите температури на воздухот. На метеоролошката карта многу добро може да се види дека на многу места вчера понеделник, 22 јуни температурите во Франција [...]