Екстремно топло до недела (27 јули), температури до околу 45 степени, а потоа значително освежување!
Под влијание на екстремно топол бран од југ, односно од Африка, до недела (27 јули) во нашата Република Македонија продолжува екстремно топлото време со екстремно високи температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 37 до 44/45 степени во Повардарието и во Скопскиот регион. Повремено ќе засилува фенски ветет претежно од северен, а во западните предели од западен правец.
Во недела (27 јули) на повеќе места ќе дува повремено засилен ветер претежно од југозападен правец.
Времето ќе биде сончево со појава на мала локална облачност. Малку повеќе облаци ќе имаме во сабота навечер и ноќта кон недела кога е можна изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ув индексот и понатаму ќе има многу висока до екстремно висока вредност и ќе изнесува 9. Токму поради ова, но и поради екстремно топлиот бран, апелирам без потреба граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 10 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.
Освежување на времето и значителен пад на температурите ќе имаме во недела навечер и во текот на ноќта кон понеделник (27 према 28 јули). Детална анализа токму околу ова поголемо освежување на времето очекувајте од моја страна во следните мои метео објави.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро недела 25 Јануари 2026 во Македонија е претежно облачно и не многу ладно и е претежно суво засега. Дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот повремерно и локално засилува на интензитет. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро до 5 часот во Македонија. Може да видиме дека [...]


by