Уште денес (сабота 5 април) релативно топло време!

Уште денес (сабота 5 април) останува релативно топло времето и променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, засилување на ветерот во зоната на нестабилност, како и со услови за ретка појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец.

И во делови од Скопскиот регион попладнево ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, а во Скопје  и околината максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи исто така до околу 20 степени.







Занимливости

  • 23 Јун 2026

    Изминативе неколку денови Франција е погодена од екстремно топол бран кој условува да има екстремно високи температури на воздухот кои на многу места надминуваат 40 степени. Активен е црвен метеоролошки аларм во Франција поради екстремно високите температури на воздухот. На метеоролошката карта многу добро може да се види дека на многу места вчера понеделник, 22 јуни температурите во Франција [...]