ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗАБРЗАНО ПАЃААТ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Врнежите од снег полека започнуваат!

Попладнево започна да се зголемува снежната покривка на Скијачките центри, па така речиси 40 сантиметри снег има на Попова Шапка, и 21 сантиметар во Маврово. Но врнежите од снег од југозапад и југ вечерва  и претстојната ноќ значително ќе се интензивираат и ќе се прошират насекаде низ Македонија, со формирање на голема снежна покривка, како и со повремено засилен северен ветер, кој ќе услови голем пад на температурите, појава на голомразица  и на снежни наноси.

На табелата можете да ги погледнете денешните температури измерени попладнево до 16 часот по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.

Во продолжение уште еднашка потсетете се на денешното најново сериозно метео предупредување, од моја страна, и тоа околу големото снежно невреме кое доаѓа од вечерва во Македонија 👇







Занимливости

  • 23 Јун 2026

    Изминативе неколку денови Франција е погодена од екстремно топол бран кој условува да има екстремно високи температури на воздухот кои на многу места надминуваат 40 степени. Активен е црвен метеоролошки аларм во Франција поради екстремно високите температури на воздухот. На метеоролошката карта многу добро може да се види дека на многу места вчера понеделник, 22 јуни температурите во Франција [...]