Зимата нагло ни се враќа: На Балканските планини ќе падне еден метар снег
Почнувајќи од 26-ти март (четврток) па се до самиот крај од месецов од север кон јужна и југоисточна Европа ќе се спушти значително поладен воздух кој ќе предизвика над Џеновскиот залив да дојде до формирање на секундарен длабок циклонски систем и токму овој циклон ќе го зафати Балканскиот Полуостров и во најголем дел ќе донесе обилни врнежи од дожд и снег, бурен ветер и нагло заладување на времето.
На планинските места особено во Босна и во Горски Котар во Хрватска ќе падне многу снег и тоа од 50 до 80 сантиметри снег а локално и до 100 сантиметри снег. Поради наглото заладување снежната граница особено во Хрватска и во Босна ќе се спушти и на помала надморска височина па така врнежи од снег ќе има и во дел од градовите.
Се на се, најскапо ова е го платат овошките кои се веќе расцветани а природата е веќе во значителна фаза на будење. Токму оваа голема промена на времето ќе донесе и појава на утрински мразеви.
До утре (вторник 24-ти март 2026) следува детална метео анализа само за Македонија, токму околу тоа што точно ќе донесе овој зимски циклон кој ќе го зафати Балканот и ќе донесе многу дожд, снег, бурен ветер и мраз.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by