ЗИМА НА 1 МАЈ 2026 ПЕТОК: Појава на утрински мразеви и -10 степени
На ден 1 Мај 2026 петок во поширокиот дел од Балканскиот Полуостров и во Македонија ќе имаме невообичаено ладно време со температури пониски од просечните дури за 10 до 15 степени. Во утринските часови на повеќето места ќе има појава на утрински мразеви кои особено во повисоките населени места и на планините ќе бидат и поизразени.
Територијата на целиот Балкан и Македонија на ден 1 Мај 2026 петок ќе бидат под влијание на многу поладен воздух кој се спушта од северот на Европскиот Континент и ќе услови да имаме исклучително ладно време особено во ноќните и во утринските часови како што споменав кога ќе има појава на утрински мразеви.

Наутро на 1 Мај 2026 во поширокиот дел од Балканот температурите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 4 степени а на повисоките планински места температурите ќе се спуштаа дури до околу -10 степени. Сето ова ќе биде проследено со повремено силен ветер од северен и од североисточен правец а на Јадранот ќе дува силна бура.
И во Македонија на 1 Мај 2026 петок очекувам невообичаено ладно време особено наутро и со појава на утрински мразеви на повеќето места, особено на повисоките населени места и на планините каде температурите ќе се спуштаат и под -5 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден 28 април 2026 вторник во Македонија помина во знакот на вистински пролетен ден со високи пролетни температури на воздухот. Времето беше претежно стабилно, суво и сончево со попладневно локално зголемување на облачноста особено во југозападните предели каде имаше појава на локален краткотраен дожд особено во планинските предели. Најтопло денес до 17 часот беше на Скопје Петровец каде [...]


by