ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА СЛАВЧО ПОПОСКИ: Ексклузивно интервју направено за медиумите кое привлече многу внимание кај јавноста!

објавено на:

13 Фев 2024

од:

сподели:

Да не звучам нескромно, ама ја кажувам реалноста, а и цела Македонија знае дека барем досега не сум промашил околу анализите. Мојата работа е 24/7 на компјутер и следење на облачните маси и системи над Европскиот континент. За понатаму со Господ напред, вели Попоски 

Зошто е невообичаено ладно за овој период во годината? Какво време да очекуваме во наредниот период? Ќе имаме ли мирни топли денови?  Одговорите ги има младиот стружанец Славчо Попоски кој со своите метео-анализи е хит на социјалните мрежи.

Метеорологијата е Ваша пасија повеќе од една деценија, но пошироката јавност дозна за Вас по големите поплави во скопскиот регион од пред две години. Кога почнавте посериозно да ја анализирате временската прогноза?

– Повеќе од десет години го анализирам времето и правам прогнози, но откако се случи немилиот настан во Скопје во 2016 година за мене дозна целата наша држава и стекнав огромна доверба кај народот. Инаку, метеорологијата ја сакам уште од мали нозе. Со нејзе сум се родил, иако можеби звучи смешно.

* Метеорологијата е научно изучување на атмосферата. Вие од мали нозе се интересирате за оваа наука, но немате соодветно образование. Дали се соочувате со непријатни ситуации, дали некои луѓе се обидуваат да го девалвираат Вашето знаење?

– Немам никакви притисоци. Дури и институциите доколку има вонредни услови ја следат мојата анализа и прогноза. Моментално работам на тоа за во иднина да бидам дипломиран метеоролог бидејќи мојата работа веќе не може да се нарече хоби.

 

* Предвидувањата се меч со две острици. Дали често Ви се случува да утнете во прогнозирањето? Дали таквите моменти Ви влијаат на самодовербата?

– Да не звучам нескромно, ама ја кажувам реалноста, а и цела Македонија знае дека барем досега немам ниту една утка околу анализите. Мојата работа е 24/7 на компјутер и следење на облачните маси и системи над Европскиот континент. За понатаму со Господ напред.

* Дали променливото време директно влијае врз Вашето расположение?

– Како кај многу граѓани и млади луѓе, наглите промени секако влијаат и кај мене. Има моменти кога чувствувам замор, нерасположеност, па дури некогаш и некоја нервоза и главоболки.

 

 

* Кое е Вашето мислење за глобалното затоплување, за климатски промени воопшто?

– Нема никакво глобално затоплување, ниту пак влијанија на некој си ХАРП систем или вештачки авиони. Сѐ е природно. Моментално се наоѓаме во фаза на ладење на земјата како и намалување на јачината на сончевата топлина, па токму поради ова зачестени се циклоните, врнежите и поплавите како и острите зими ширум Европа и Америка.

* Што сте по вокација? Дали имате постојан работен ангажман или метеорологијата во моментов е Вашиот единствен извор на приходи?

– Исклучиво работам на метеорологијата и сум премногу посветен кон неа. Соработувам со голем број медиуми и секако истите ми носат и приходи. Со Господ напред, тоа планирам и понатаму да го правам во животот.

Сето ова што сум го изјавил за ова популарно интервју направвено за Женски Магазин   во 218 година се оствари!

Сега можам да кажам дека имам церно на бело и слободно можам да работа со метеорологијата, го имам Сертификатот.

Славчо Попоски

 

 

 

 

 

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.