За време на овој викенд уживајте во сончевото и топло време, сепак наутро ќе биде релативно свежо
Почитувани мои, за време на викендот кој полека ни доаѓа, во Македонија времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево. Ќе има и појава на умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Сепак, во попладневните часови, и тоа во недела ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.
Наутро ќе биде свежо, со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 20 степени, додека максималните температури на воздухот ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро температурата ќе се спушта до околу 19 степени, додека преку ден таа ќе се искачи до околу 37 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник). Но, до 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка. Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните [...]