За големиот Христијански празник, Богојавление – Водици – Многу студено наутро, преку ден сонце, а по котлините магла!
За големиот Христијански празник, Богојавление – Водици, кога огромен број на граѓани скокаат по светиот крст, но и се капат за здравје во водите на реките и езерата во нашата Република Македонија, времето ќе биде стабилно, суво и сончево, а ќе биде и претежно тивко. Утрото ќе биде многу студено, а преку ден ќе биде малку попријатно топло за разлика од сега.
Сепак, поради антициклонот кој ќе се наоѓа над нашата територија, но и поради зголемената влажност во воздухот, по котлините ќе растат условите за појава на магла и на ниска облачност, која ќе биде најгуста во ноќните и во утринските часови, па така преку денот за Водици во овие котлини ќе остане и постудено со пониски дневни температури на воздухот.
Во Скопје исто така за овој голем Христијански празник и тоа во пониските предели од котлината ќе растат условите за појава на магла и на ниска облачност, особено изразена во ноќните и во утринските часови. На околните планини ќе биде претежно ведро и сончево, но и тивко.
Наутро температурите скоро насекаде ќе се спуштаат под нулата, што значи утрото ќе биде многу студено со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 1 степен, додека максималните дневни температури за Водици ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушти до околу -5 степени, додека максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by