Вторник 19 Мај 2026: Дожд и свежо, наврнаа 20 литри дожд во Македонија
Денешниот ден Вторник 19 Мај 2026 во Македонија ни донесе облачно, свежо и врнежливо време во поголем дел од Македонија со повремено обилни и поројни врнежи од дожд проследени со ретки грмежи како и со засилен ветер од северен правец. Особено обилни и поројни врнежи имаше во западните и во југозападните предели од Македонија. Сето ова беше поради влијанието на циклонската активност која се наоѓаше над нашиот дел од Европскиот Континент и токму оваа циклонска активност услови формирање на влажна и на нестабилна воздушна маса која ги донесе денешните врнежи во Македонија.
Најмногу дожд во изминатите 9 часа до 17 часот попладнево наврна во Крушево и тоа 20 литри на метар квадратен дожд.

На табелата која попладнево ја објави УХМР можете да ги видите денешните максимални температури на воздухот измерени по градови и места во Македонија до 17 часот попладнево како и наврнатото количество на дожд во литри на метар квадратен во изминатите 9 часа, исто така до 17 часот попладнево и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by