Вторник 19 Мај 2026: Циклон ни носи обилни врнежи, грмежи и ветер
Територјата на Македонија до крајот на денешниот ден Вторник 19 Мај 2026 2026 ќе биде под влијание на циклонска активност југоисточно од нас и на влажна и на нестабилна воздушна маса која ќе услови за имаме облачно време со врнежи од дожд кои особено во западните и во југозападните предели ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со засилен ветер од северен и од северозападен правец (до околу 60 км/час). Локално атмосферските процеси во овие предели може да бидат поинтензивни и во форма на невреме.
Во западните и во југозападните предели локално ќе наврне поголемо количество на дожд (над 20 литри на метар квадратен дожд).
Во Скопје и околиата до крајот на денешниот ден Вторник 19 Мај 2026 времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено може да бидат и пообилни и проследени со услови за појава на ретки грмежи. Повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Температурата во текот на денешниот ден Вторник 19 Мај 2026 ќе ни биде под просекот за месец Мај и таа ќе се искачува во интервалот од 14 до 23 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 19 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by